Најновиот полициски автомобил во Италија е Lamborghini Urus Performante! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најновиот полициски автомобил во Италија е Lamborghini Urus Performante!

Ова е шесто возило позајмено од Lamborghini на италијанската полиција кое ги следи стапките на другите бикови, вклучувајќи ги Gallardo и Huracan.

Полицијата ќе може брзо да стигне до својата дестинација благодарение на твин-турбо V8 моторот со 666 коњски сили. Со таа моќност, Urus Performante забрзува од нула до 100 км/ч за 3,3 секунди и постигнува максимална брзина до 306 км/ч.

Овој Urus има посебна преграда за ладење во багажникот за доставување органи на оние на кои им е потребна трансплантација. Покрај тоа, во преносливиот фрижидер може да се транспортира и крвна плазма.

Специјалната боја е создадена Од Lamborghini Centro Stile со комбинирање на класичната сина нијанса на италијанската полиција со белата боја. Дополнително, на вратите се нанесени полициски логоа направени од рефлектирачки филм, со инкорпориран мотив на италијанското знаме. Во другите промени се вклучуваат електричната сирена како и сината LED светлосна лента поставена на покривот.

На возилото се извршени неколку модификации во внатрешноста, од кои се издвојуваат вградената оклопна кутија за оружје и преградениот простор за дефибрилатор.

Соработката на Lamborghini со италијанската полиција трае веќе 20 години а овој Urus ќе го користи автопатската полиција од 2024 година.

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!