KAMM Porsche 912c е моќен, карбонски рестомод! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KAMM Porsche 912c е моќен, карбонски рестомод!

Почетната верзија на класичното Porsche тежи само 700 килограми благодарение на изработката од лесниот материјал.

Постојат неколку компании кои изработуваат Porsche рестомодови, а една од тие е KAMManufaktur со седиште во Будимпешта. За моделот 912 тие изработија целосно карбонско тело со подобрена аеродринамика и модерни внатрешни удобности.

KAMM 912c првично беше претставен во 2022 година врз основа на оригиналниот Porsche 911 од минатиот век. За 2024 година, унгарската компанија нуди опција за целосно карбонско тело за оние кои сакаат максимално да заштедат на тежината. Добиениот модел ја навртува вагата на 700 кг што е варијанта полесна за 300 кг во споредба со оригиналното возило. Постои и полу-карбонска верзија која го задржува оригиналниот челичен покрив и задните панели и тежи дополнителни 50 килограми.

Според основачот Miklós Kázmér, нивното Porsche 912c има најреална распределба на тежината во соодносот 50-50. Модифицираниот 2-литарски мотор сега произведува 168 коњски сили што е големо зголемување во однос на оригиналниот модел со 90 кс. KAMManufaktur не ја занемари ниту внатрешноста, нудејќи опции за нови седишта, надграден клима уред и модерен аудио систем.

Цените за целосно карбонскиот KAMM 912c започнуваат од 400.000 евра, а доколку се решите за полукарбонскиот модел, тогаш тој е „поевтин“ за 40.000 евра. KAMManufaktur потврди дека дополнително работи и на помоќна верзија на четирицилиндричниот мотор со воздушно ладење, а деталните спецификации ќе следат наскоро.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!