Renault Clio и Peugeot 208 се најпродаваните модели од Б-Сегментот во 2020 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Clio и Peugeot 208 се најпродаваните модели од Б-Сегментот во 2020 во Европа

Се чини дека француските брендови најдобро го погодија вкусот на купувачите од Б-сегментот и се најдоа на првите места во продадени возила на Европскиот континент во минатата година.

Б-сегментот во Европа претрпе намалување на продажбата од дури 25% во однос на 2019, со продадени вкупно 2.26 милиони возила, од кои 2.15 милиони се хечбек изведби.

Од сите модели кои спаѓаат во Б-сегментот, продаден во најмногу примероци од вкупно 212,326 возила е Renault Clio, а веднаш позади него со само 4,000 помалку се наоѓа Peugeot 208.

Моделот Polo на Volkswagen заврши на третата позиција со продадени 170,248 примероци, додека четвртото и петтото место ги добија моделите Dacia Sandero и Ford Fiesta со продадени 167,383 и 155,151 возила.

Резултатите на останатите учесници во сегментот можете да ги видите на сликите во галеријата:

Од седан варијантите на автомобилите од Б-сегментот, апсолутен победник беше генерацијата во заминување на Dacia Logan со продадени 18,768 примероци.

Второто место беше резервирано за Citroen C-Elysee со 2,819 примероци, а во продолжение се најдоа Peugeot 301, Skoda Rapid и новата генерација на Dacia Logan со продадени 455, 273 и 40 возила редоследно.

Што се однесува до караванските изведби, тука најдобро продаван беше моделот Skoda Fabia со 39,807 примероци. Второто место го зазема Dacia Logan со продадени 20,973 возила, а зад неа се најде минатата генерација на Renault Clio со 10,454 автомобили.

Извор на сликитe: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.