ПРЕМИЕРА: Renault тукушто го претстави новото Clio – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Renault тукушто го претстави новото Clio

Ново, помодерно, хај-тек, забавно и економично – токму тоа треба да биде новото Clio кое пред само неколку моменти го претстави Renault.

Renault има интересен пристап со новото Clio – новиот модел ја наследува привлечната форма на минатата генерација, но истовремено добива подинамичен лик кој ги следи насоките од тековните модели на францускиот бренд. Интересно е што и покрај тоа што е нов модел, новиот автомобил е покомпактен (14 милиметри пократок) и 30 милиметри понизок – сега Clio е долг 4048 милиметри, широк 1798 милиметри и висок 1440 милиметри – а притоа нуди повеќе простор во кабината.

Целосно редизајнираната кабина доаѓа со 9.3-инчен, вертикално поставен цетрален дисплеј кој е најголемиот дисплеј кој досега се нудел во било кој модел на брендот. Во овој дисплеј ќе бидат вградени контролите за мултимедијалниот уред и навигацијата. Дополнително, пред возачот ќе биде поставен дигитален дисплеј за инструментите, и тоа со дијагонала од 7 или 10 инчи.

Можеме да забележиме и редизајниран управувач, нова централна конзола со нова, пократка рачка за менувачот, место за безжично полнење на мобилен уред, итн. Според Renault, купувачите ќе добијат и нови, редизајнирани седишта кои не само што ќе бидат покомфорни, туку ќе нудат и подобра поддршка. Интересно е што Renault ќе им дозволи на купувачите да го персонализираат своето Clio – па купувачите ќе можат да одберат еден од осум различни изгледи за инструментите, централната конзола, управувачот, потпирачите за раце и внатрешните панели на вратите, додека амбиенталното осветлување ќе нуди осум различни бои.

Со новото Clio, Renault воведува и варијанта која ја нарекува R.S. Line, која влече инспирација од RenaultSport моделите. Оваа варијанта ќе доаѓа со поспортски детали, кои ќе имаат задача уште повеќе да го привлечат Clio кон оние кои сакаат подинамичен автомобил, а не го сакаат full-fat RenaultSport искуството. Ќе биде понудена и полуксузна Initiale Paris верзија која е токму тоа – најлуксузната, најопремената верзија на новото Clio.

Поврзано:  Volkswagen и Renault сепак нема заедно да прават мало електрично возило


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.