Радикалниот нов 508 е изложен во салонот на Peugeot – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Радикалниот нов 508 е изложен во салонот на Peugeot

Новиот и несекојдневен Peugeot 508 пристигна и кај нас, и веќе може да се види во салонот на Peugeot во Скопје.

Со новиот 508, Peugeot ги демонстрира своите вистински амбиции и на пазарот нуди автомобил кој е многу повеќе од само алтернатива на етаблираните играчи во класата. Со модерниот дизајн и иновативните решенија, 508 се наметнува како избор за оние кои сакаат да се „издвојат од толпата“ и да покажат дека се подготвени да направат похрабар избор.

Инаку, 508 на нашиот пазар се нуди во четири изведби – Active, Allure, GT-Line и врвниот GT. Во зависност од избраната верзија, може да се добие со 6-степен мануелен или 8-степен EAT автоматски менувач, и со бензински мотори кои нудат 180 или 225 коњски сили, или пак модерни и чисти BlueHDi турбодизели со 130, 160 или 180 коњски сили. Врвниот GT е достапен само со 225-коњскиот THP турбо-бензинец, или 180-коњскиот BlueHDi турбодизел.

Ние веќе имавме можност минатата година да го возиме новиот 508 на интерационалната презентација во Монако. Уште на самиот старт, 508 ни остави моќни и позитивни впечатоци – како со дизајнот, така и со моќните мотори и технологиите кои ги нуди. Наскоро ќе имаме можност повторно да се дружиме со 508, а во меѓувреме погледнете ги ексклузивното видео и фотографиите од 508 во салонот на Peugeot.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.