Во Саботата се одржа настан за промоција на електрични и електрифицирани возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Саботата се одржа настан за промоција на електрични и електрифицирани возила

Ниските температури не беа идеални, но сепак можевме одблиску да погледнеме неколку електрични возила и технологиите поврзани околу нив.

ПроКредит Банка како сопственик на неколку електрични и хибридни возила организираше настан кој имаше цел на граѓаните да им ги доближи електричните и електрифицираните возила и да ги истакне придобивките од нив.

Покрај тоа, на настанот свое учество земаа и неколку брендови кои продаваат вакви возила, како еден-два интересни проекти кои се директно поврзани со оваа индустрија. Особено беше интересен малиот Fiat 500 кој беше конвертиран да работи на електричен погон.

Дополнително, можевме повторно да ја видиме несекојдневната Tesla Model X (која ја погледнавме одблиску минатата година), нашите пријатели од Тојота Автоцентар ги изложија своите хибридни модели (меѓу кои и еден C-HR, ист како „нашиот“) а ПроКредит ги изложи своите електрични Volkswagen e-up, e-Golf и хибриден Passat GTE.

Посетителите имаа можност одблиску да ги запознаат овие автомобили, па и да повозат по некој од нив. Среќни сме дека ваквите автомобили стануваат сè поинтересни за нашите купувачи и дека секојдневно добиваме сè повеќе прашања за нив. Се надеваме дека ваквите настани ќе зачестат и дека купувачите ќе ги здогледаат предностите на електричните и електрифицираните возила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.