full screen background image
Search

Хибридното Mondeo пристигна и кај нас!

Хибридната изведба на популарниот седан пристигна во салонот на Ford во Скопје.

Хибридите стануваат сè поинтересни и поинтересни – и секако, сосем е разбирливо зошто. Ford веќе некое време го нуди Mondeo и во хибридна изведба, и сега со задоволство можеме да кажеме дека пристигна и кај нас.

Инаку, Ford Mondeo Hybrid користи 2-литарски атмосферски бензинец, електромотор и литиум-јонска батерија со капацитет од 1.4 kWh за да има вкупна, системска моќност од 187 коњски сили. Силата ја пренесува кон предните тркала преку бесстепен автоматски менувач и може да достигне 100 километри на час за 9.2 секунди, односно максимални 187 километри на час.

Она што е импресивно кај хибридното Mondeo е неговата потрошувачка – според официјалните податоци може да троши само 2.8 литри на 100 изминати километри во градски услови. За повеќе информации, а и за самите да го видите хибридното Mondeo, посетете го салонот на Ford – цените за овој голем хибриден седан започнуваат од 28.500 Евра.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.