full screen background image
Search

Пристигна целосно-новиот Dacia Sandero Stepway!

Новиот Sandero Stepway е веќе поставен во салонот на Dacia!

Целосно-новиот Sandero Stepway пристигна и кај нас. Од импортерот нагласуваат дека Dacia е предводник при промовирање на паметно инвестирање и разумните цени, како и услогласување со реалните очекувања на клиентите. Новиот Dacia Sandero Stepway ја олицетворува ДНК-та на романскиот бренд и токму Sandero Stepway е авантуристичката верзија на автомобилот која всушност привлекува дури 65% од купувачите на Sandero во Европа.

Sandero Stepway има навистина модерен дизајн, а добива и подигнато растојание од подлогата. Од Dacia кажуваат дека Sandero Stepway е „семејниот разноврсен авантурист“ и дека уникатниот ентериер и модерниот дизајн се смела изјава за бегање од урбаните средини и уживање во авантурите. Dacia Sandero Stepway добива и многу опрема, како и врвни технологии. Има и многу кросоверски детали – како што се заштитните панели, модуларните кровните носачи (кои можат да се монтираат или демонтираат за само неколку секунди), специјално-текстурираното дно на вратите и слично.

Кабината добива специјално-текстурирани седишта со Stepway ознаки, а специјална Stepway декорација добиваат и инструменталната табла, како и панелите на вратите.

Цените започнуваат од 11.950 Евра за Sandero Stepway Access опремен со 1-литарски TCE турбо-бензинец со 90 коњски сили. Наскоро ќе го добиеме новиот Sandero Stepway на тест, па директно ќе ги пренесеме нашите впечатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.