full screen background image
Search

Париз 2016: Dacia ги освежи Sandero и Logan

Dacia ги модернизираше моделите Sandero, Sandero Stepway и Logan MCV и додаде нов 1.0-литарски три-цилиндарски мотор во понудата.

Главните измени кај обновените модели се забележуваат на предниот дел каде дизајнерите ги опремиле со решетка инспирирана од актуелниот Duster. Тука се и нови LED светлосни групи со поостри форми. Моделите исто така изгледаат малку помодерно благодарение на дополнителните хромирани елементи, како и новите светла во задниот дел.

Промените во ентериерот опфаќаат нови материјали, нов волан со четири краци и хромирани елементи околу отворите за вентилација и централната конзола, заедно со дополнителен 12-волтен приклучок и држач за чаши за задните патници.

Можеби најважната новост е додавањето на 1.0-литарскиот SCe три-цилиндарски бензински агрегат, кој произведува 75 кс и се нуди кај најосновната верзија, усогласен со мануелна трансмисија, или опционалниот Easy-R автоматизиран мануелен менувач.

Додека Sandero, Sandero Stepway и Logan MCV се преработени од страна на Dacia, Романскиот производител се одлучил да му даде на Duster нешто што купувачите од секогаш го посакувале – нов шест-степен автоматски менувач со двојна спојка. Тој е достапен исклучиво со 1.5-литарскиот dCi дизелски агрегат, кој испорачува 110 кс, и ветува економија на возење од 4.5 литри на 100 километри.

Покрај додавањето на нов менувач и малите промени во палетата на бои и нивоа на опрема, новиот Dacia Duster исто така располага со камера за гледање наназад, која ќе им асистира на возачите при маневрирање во тесни места.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.