full screen background image
Search

Париз 2016: Alfa Romeo ја претстави спортската Veloce изведба на Giulia

На автомобилскиот саем во Париз, Alfa Romeo ја претстави спортската Veloce изведба од седанот Giulia, која располага со 280 кс и погон на сите четири тркала.

Назнаката „Veloce“ го красеше класичниот модел на Giulietta од пред 60 години, а сега новата генерација е повторно почестена да ја носи истата. Зборот Veloce во превод значи брзо, а токму таква е и оваа изведба, благодарение на нејзината сила која извира од 2.0-литарски бензински агрегат или 2.2-литарски турбо-дизел мотор, двата усогласени со осум-степен автоматски менувач.

Првиот произведува 280 кс при 5,250 вртежи и вртежен момент од 400 Nm од 2,250 вртежи во минута. Тој забрзува од 0-100 км/ч за 5.2 секунди, што е доволно да го смести веднаш под најбрзата Quadrifoglio изведба. Што се однесува до дизелот, тој испорачува 210 кс при 3,500 вртежи и 470 Nm од ниски 1,750 вртежи во минута. Ова е првиот дизелски агрегат од Alfa Romeo кој може да се пофали со целосно алуминиумска конструкција.

Оваа изведба доаѓа со најновиот Q4 систем за погон на сите тркала, кој и дава предност на задната оска, а по потреба испраќа до 60% од силата кон предните тркала. Изложените модели се одликуваат со поспортски браници од страндардната верзија и специјални 19-инчни алуминиумски фелни, како и црни кожни спортски седишта, спортски волан и брони алиминиумски детали во ентериерот.

aawgag

Покрај двете Veloce изведби, тука е и трета “Advanced Efficiency” изведба која ќе излезе во продажба во почетокот од наредната година. Таа е создадена за оние на кои им е најважна економијата на возење и е погонувана од 2.2-литарски дизел агрегат со 180 кс усогласен со осум-степен автоматски менувач. Според Alfa Romeo, новиот член на гамата на Giulia ќе конзумира само 4.2 литри на 100 км, и ќе емитира само 99 г/км CO2 издувни гасови.

Поврзано:   Вечерно Кино: Kimi Räikkönen и Antonio Giovinazzi ја возат Alfa Romeo Giulia GTA!

За да ги постигне овие бројки, Giulia AE доаѓа со EGR вентил со низок притисок, воздушно-воден интеркулер, како и специјално прилагоден однос на степените од менувачот и секундарен систем за ладење на моторот. Исто така, Alfa Romeo го приближиле автомобилот до подлогата за 5 милиметри и го опремиле со специјално дизајнирани алуминиумски тракала обвиени во 205/60 R16 пневматици со низок отпор на тркалање.

Оваа штедлива варијанта има коефициент на отпор од само 0.23 и покрај промените за подобрување на економијата, сеуште успева да испорача пристојни перформанси, така што забрзувањето од 0-100 км/ч трае 7.2 секунди, а максималната брзина е 230 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.