full screen background image
Search

Објавени новите цени на горивата – бензините поевтинуваат

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ бензините поевтинуваат за 0.50 денари!

Во согласност со методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините се намалуваат во просек за 0.56 проценти.

Преведено во цени, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 0.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 61.50 односно 63 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел гориво ќе продолжи да чини 48 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.