Во Париз пристигна најсилната John Cooper Works верзија на најголемиот модел на Mini, која располага со 228 кс и погон на сите тркала.
Со своите 4,253 милиметри должина, 1800 милиметри ширина, 1,441 милиметри височина и 1,581 килограми тежина во конфигурација со автоматски менувач, новиот Clubman JCW не е возило кое би го нарекле мини, а ниту пак лесно. Сепак, неговиот 2.0-литарски четири-цилиндарски агрегат со 350 Nm вртежен момент надоместува за дел од овие бројки и му овозможува спортски перформанси.
Силата од 228 кс се испорачува кон стандардниот погон на сите тркала преку шест-степен мануелен менувач или опционален осум-степен автоматски. И со двата менувачи Clubman JCW успева да постигне забрзување од 0-100 км/ч за 6 секунди на патот кон неговата максимална брзина од 236 км/ч.
Исто како и останатите JCW верзии на моделите од гамата, најсилниот Clubman добива поагресивни браници и големи 18-инчни алуминиумски фелни под кои се кријат Brembo сопирачки и спортска суспензија. Во кабината додадени се спортски седишта со поизразена странична поддршка и вградени потпирачи за глава, како и педали од не’рѓосувачки челик и специјален JCW волан. Тука се и мали измени на инструмент таблата заедно со црвени детали на палката од менувачот.
Доколку не сте фан на 18-инчните фелни, како опција ќе бидат понудели поголеми 19-инчни тркала, а дополнително ќе може да се нарачаат Harman Kardon аудио систем и панорамски покрив.
Mini Clubman JCW ќе започне со продажба пред крајот на оваа година, а цената ќе се движи околу 49,000 евра.