Tesla Model Y е најпродавано електрично возило во Јануари 2023 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla Model Y е најпродавано електрично возило во Јануари 2023 во Европа

Продажбата на електрични возила е во пораст за 14% во првиот месец од оваа година, со остварени 92,800 нови регистрирани автомобили – откриваат JATO Dynamics.

Со значително водство пред останатите, Tesla Model Y е предводник на табелата за најпродавани 10 возила, со остварени 7,174 продадени примероци. На нејзина рекордна позиција се најде Dacia Spring, која забележа 4,242 продажби.

Моделите на Volkswagen – ID.4 и ID.3 ги освоија третото и четвртото место со продадени 3,812 и 3,348 возила редоследно. Малиот тренди Италијанец – Fiat 500 се дофати се петтата позиција, откако се продаде во 3,248 примероци.

На шестото место се најде Volvo XC40, кој забележа 2,957 нови регистрации, додека веднаш зад него заврши Skoda Enyaq со продадени 2,945 возила.

На последните три позиции „се паркираа“ моделите Peugeot 208, Renault Megane и Audi Q4, кои се продадоа во 2,796, 2,720 и 2,633 примероци редоследно.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.