Практичниот повеќенаменски Citan Tourer пристигна во салонот на Mercedes-Benz – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Практичниот повеќенаменски Citan Tourer пристигна во салонот на Mercedes-Benz

„Цивилниот“ Citan Tourer е изграден врз основата на комерцијалниот Citan на Mercedes-Benz, но истовремено е преработен за да може да биде супер-практичен повеќенаменски автомобил.

Веќе знаеме дека новиот Citan е долг 4490 милиметри и има меѓуоскино растојание од 2716 милиметри, но и дека се нуди и варијанта со продолжено меѓуоскино растојание за уште повеќе простор.

Сепак, денес зборуваме за „цивилниот“ Citan Tourer кој има задача да понуди вистинска практичност благодарение на лизгачките врати и огромната просторна понуда, но истовремено да го искомбинира тоа со секојдневна, семејна практичност и корисност.

На централната конзола е поставен мултимедијален уред со MBUX систем, а Citan Tourer има пет засебни седишта со преклоплива задна клупа. Системот нуди поврзување со мобилен телефон, како и Hey Mercedes гласовни контроли.

Citan Tourer може да се добие со делливи врати од багажниот простор или пак со огромна петта врата која се отвора нагоре, како кај примерокот кој пристигна во салонот на Мак Аутостар. Без разлика која верзија ќе ја одберете, ќе добиете багажен простор со капацитет од одлични 520 литри.

Купувачите на ваквите возила го препознаваат нивниот повеќенаменски карактер – Citan Tourer е подготвен преку работната седмица да биде практичен и економичен деловен соработник, а преку викенд да го однесе целото семејство некаде надвор од урбаната џунгла.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.