Мотоцентар ги враќа Nokian премиум пневматиците во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мотоцентар ги враќа Nokian премиум пневматиците во Македонија!

Мотоцентар и финскиот гигант Nokian Tyres денес ги претставија најновите модели на пневматици наменети за претстојната, зимска сезона.

Дали знаевте дека првата зимска гума во светот (патем, направена пред повеќе од 90 години) е токму од Nokian Tyres? Денес, Nokian Tyres повторно ја потврди својата лидерска позиција во развој на премиум зимски гуми кои нудат максимална безбедност, одржливост и предвидливост дури и во најпредизвикувачките зимски услови.

Во текот на денешната презентација, особено внимание беше посветено на новите Nokian Snowproof 3P – зимски пневматици со исклучително високи перформанси изградени околу Alpine Performance 3.0 Концептот за напредно управување, нов дизајн на шарите во три зони за максимална тракција и Performance Bead Rings прстени за иделано лежење на певматиците на фелните и зголемена стабилност при ненадејни маневри.

Плус, Snowproof 3P нуди и врвна заштита за бандажите од удари (Large Rim Protector), совршено управување на сув и влажен коловоз и значително намалено ниво на бучава за максимална удобност при возењето.

Дополнително, како дел од иновациите во портфолиото на Nokian ни беа истакнати и

  • SilentDrive™: технологија за апсорпција на звукот за значително потивко и поудобно возење.
  • Aramid Strong Sidewalls: зајакнати странични ѕидови на пневматиците, со арамид, екстремно силно, вештачко синтетичко влакно, за максимална издржливост и заштита од удари и оштетувања (достапна на модели од 17” и поголеми).
  • Electric Fit™: сертификација дека сите нови модели се соодветни за користење и кај електричните и хибридните возила.

„Нашата соработка со Nokian Tyres е резултат на долгорочната посветеност на Мотоцентар на македонскиот пазар да му понуди исклучиво докажан квалитет и премиум производи. Како компанија со над 30 години традиција, 10 продажно-сервисни центри и повеќе од 160 вработени низ Македонија, горди сме што на возачите им ги ставаме на располагање најнапредните зимски пневматици од пионерот во оваа индустрија, овозможувајќи им максимална безбедност и безгрижно возење во сите временски услови“ – истакна Горан Гроздоски, Генерален Директор на „Мотоцентар“.

„Финското наследство и повеќе од еден век иновации се нашата најголема гаранција за квалитет. Преку нашиот сопствен центар за тестирање White Hell во Лапонија, гарантираме дека секој пневматик од серијата Snowproof нуди врвен ’grip’ за бескомпромисно управување и кочење на возилото на снег и мраз. Исклучително ни е драго што преку нашиот долгогодишен и докажан партнер Мотоцентар ги носиме овие премиум технологии поблиску до возачите во Македонија“ – изјави Ведран Грубишиќ, Менаџер за продажба за Балканот во „Nokian Tyres“.

Новите модели на Nokian се веќе достапни во продажно-сервисната мрежа на Мотоцентар низ Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.