Ford Kuga е најпродаван плаг-ин хибриден автомобил во Јануари 2023 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Kuga е најпродаван плаг-ин хибриден автомобил во Јануари 2023 во Европа

JATO Dynamics објавува дека во првиот месец од 2023 година продажбата на плагин хибридни модели се намали за 6% на 66.900 примероци.

Дури 9 од најпродаваните 10 возила се SUV модели – а таков е и најуспешниот Ford Kuga, кој се најде на врвот со продадени 3,174 примероци.

Втората позиција му припадна на Volvo XC40 по остварени 2,757 продажби, пред третопласираниот Lynk & Co 01 со регистрирани 2,629 нови возила.

Вториот модел на Volvo – XC60 финишираше на четвртата позиција откако забележа 2,539 продадени примероци. За петтото место се приграби Kia Sportage со 2,304 нови продажби, пред неговиот „брат“ Niro, кој се продаде во 2,143 примероци.

Единствениот автомобил кој не припаѓа во SUV групата, BMW Серија 3 го зазема седмото место, со продадени 2,124 возила, пред Hyundai Tuscon со 2,046 нови регистрации.

Деветтата и десетата позиција ја освоија Jeep Compass и Mercedes GLA, кои забележаа 1,952 и 1,290 продажби редоследно.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.