Моќниот Ranger Raptor пристигна во салонот на Ford! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Моќниот Ranger Raptor пристигна во салонот на Ford!

Моќниот Ford Ranger Raptor кон сите четири тркала испорачува 290 коњски сили и скоро 500 Nm вртежен момент благодарение на моќниот 3-литарски EcoBoost V6 битурбо бензинец!

Новиот Ranger Raptor веднаш го препознаваме благодарение нагласените мускулести детали – од проширените предни и задни крила, преку поагресивните браници и големите 32-инчни BF Goodrich пневматици наменети за совладување секаков терен. Мускулестиот пик-ап на Ford е придвижуван од 3-литарски EcoBoost V6 турбо-бензинец со два турбополначи кој испорачува одлични 290 коњски сили и силни 490 Nm вртежен момент.

Сета таа сила ја испорачува кон сите четири тркала преку 10-брзински автоматски менувач. Секако, суспензијата е дополнително доработена во однос на обичниот Ford Ranger за да може да издржи уште поекстремни терени, а и зголемено е и растојанието од подлогата. Како и минатиот Ranger Raptor, и новиот спортски пикап на Ford користи Fox амортизери кои се супер-прилагодливи кон секаков терен.

Дополнително, Ford Ranger Raptor доаѓа со седум различни режими на возење, како и четири различни режими на звук од издувниот систем. Најинтересен е Baja режимот за возење кој има фабрички анти-лаг систем кој ќе ги држи турбополначите „завртени“ до три секунди откако возачот ќе пушти гас – за максимална респонзивност и брзина на секаков терен!

Кабината добива спортски седишта, контрастни шевови, амбиентално осветлување и многу, многу Raptor детали. Во листата на стандардна опрема се вбројуваат и Matrix LED светла, 12.4-инчен дигитален инструмент-панел и нов 12-инчен централен екран за мултимедијалниот уред кој доаѓа со најновиот SYNC4 систем на Ford.

Новиот Ranger Raptor е веќе достапен во салонот на Ford во рамките на Ми-Да Гранд Моторс!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.