full screen background image
Search

Вечерно Кино: Мега драг-трка меѓу 10 тјунирани автомобили!

Германскиот тјунер Levella модифицираше и ги одмери силите на 10 спортски и суперавтомобили на драг трка со должина од 800 метри.

Листата на моделите кои се вклучени во оваа трка ја сочинуваат Aston Martin V8 Vantage, Audi RS6, BMW M3, Mercedes-AMG C63 S Coupe, Nissan GT-R, а исто така и Volkswagen Golf R. Тука се и Lamborghini Aventador Pirelli Edition, Huracan Spyder, Porsche 911 Turbo S и Panamera.

Резултатот се разликува од трките со стандардни модели, па затоа може и малку да ве изненади, но кога ќе ги прочитате спецификациите за секое возило после трката, се ќе ви биде појасно.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.