full screen background image
Search

Освежување и за Porsche 911 Turbo и Turbo S – сега со повеќе моќност!

Во полн ек е освежувањето на 911 гамата на Porsche – сега на ред се ултимативните 911 Turbo и Turbo S – кои добиваат повеќе моќ за уште поимпресивни перформанси!

Обете верзии на Porsche 911 Turbo се достапни и како кабриолет – па вие изберете што ви одговоара. Обата автомобили добиваат зголемување на моќта од 20 коњски сили, па сега 911 Turbo и 911 Turbo S имаат по 540, односно 580 коњски сили. Според Porsche, зголемената моќ е добиена благодарение на нови компоненти во главата на моторот, нови бризгалки за гориво, како и зголемен притисок на гориво, а Turbo S добива и нови турбополначи со поголеми компресори.

porsches

Благодарение на зголемената моќност, сега и двата автомобили побрзо ја постигнуваат брзината од 100 километри на час – на 911 Turbo му требаат 3 секунди, додека на 911 Turbo S сега и официјално му требаат само 2.9 секунди – тоа е веќе сериозна брзина! Turbo постигнува максимални 320 километри на час, додека кај Turbo S максималната брзина е 330 километри на час. Интересен податок е што и покрај зголемената моќност, инженерите на Porsche успеале да ја намалат потрошувачката за 0.6 литри на 100 километри благодарение на подобрен софтвер и променето мапирање на менувачот.

Ние веќе имавме можност да седнеме зад воланот на 911 Turbo S – и тоа е официјално најбрзиот автомобил кој досега сме го возеле.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.