Екстремен турбодизел хечбек – BMW 150d со 394 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Екстремен турбодизел хечбек – BMW 150d со 394 коњски сили!

Тјунерите од AC Schnitzer се навистина сериозни – и овој пат го „сместија“ големиот турбодизел од BMW M550d во најмалиот претставник – токму Серијата 1!

Целото име на овој екстремен хечбек е ACS1 5.0d / 150d, и малата Серија 1 има на располагање 394 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Целата таа моќ е извадена од модификуван 3-литарски линиски турбодизел со три турбополначи. Благодарение на овој мотор, малиот хечбек достигнува 100 километри на час за само 4.5 секунди, а интересен податок кој го истакнуваат од AC Schnitzer е дека забрзувањето од 80 до 180 километри на час трае само 7.9 секунди!

Екстериерот го одликуваат огромните 20-инчни тркала, M-Technik бодикит кој е доработен со уникатни AC Schnitzer детали, а ентериерот е целосно преработен со AC Schnitzer детали. Нема објавено цена за целиот овој пакет, но сигурни сме дека веќе има потенцијални купувачи кои го сакаат овој мал и екстремен хечбек!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.