Mercedes-AMG го претстави моќниот C63 Coupe – Ветува 503 коњски сили и скоро 300 километри на час! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG го претстави моќниот C63 Coupe – Ветува 503 коњски сили и скоро 300 километри на час!

Mercedes-AMG ја претстави својата верзија на C-Class Coupe кое неодамна беше промовирано – моќниот AMG ќе се нуди во две верзии, со 469 или 503 коњски сили благодарение на 4-литарскиот твин-турбо V8!

Како што и очекувавме, Mercedes-AMG C63 Coupe ќе се нуди во две верзии – една „нормална“ и една S изведба. „Обичниот“ C63 ќе нуди 469 коњски сили, а помоќната S изведба дури 503 коњски сили. Обете верзии го носат истиот 4-литарски twin-turbo V8 под хаубата. Доколку ја одберете обичната верзија ќе бидете електронски ограничени на 255 километри на час, но доколку доплатите за S моделот, тогаш ќе ви бидат достижни скоро 300 километри на час!

Преносот е кон задните тркала преку 7-степен AMG MCT менувач. На обичната верзија и требат 3.9 секунди до 100 километри на час, додека на S му се потребни 3.8. Изгледот е навистина агресивен, со забележливо пошироки преден и заден дел, поголеми отвори за воздух и понизок и подолг поклопец на моторот. Според Mercedes, единствените делови од каросеријата кои AMG C63 Coupe ги дели со цивилниот C-Class Coupe се вратите, кровот и поклопецот на багажниот простор.

Премиерата е закажана за саемот на автомобили во Франкфурт во Септември, а продажбата ќе започне на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.