full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Новиот Volkswagen Golf R со Performance додатоци

Неодамна Volkswagen најави дека подготвува додатоци за подобрување на перформансите на новиот Golf R – а денес ги имаме сите детали!

Меѓу другото, Performance пакетот за Golf R вклучува подобрена аеродинамика благодарение на преработени отвори за воздух во предниот браник, поаеродинамични странични прагови и спортски заден дифузер. Новиот заден спојлер ја подобрува потисната сила за 20 килограми, а за запирање на Golf R Performance се задолжени големи огромни 17-инчни (432-милиметарски) дискови за сопирање. Еден од најважните детали е новиот издувен систем изработен од специјалистите од Akrapovic кој покрај тоа што звучи одлично е 7 килограми полесен од стандардниот.

Максималната брзина на Golf R Performance е зголемена на 267 километри на час (стандардниот Golf R е ограничен на „само“ 250). Дополнително е поработено и на суспензијата која сега е поцврста и автомобилот е за нијанса поблиску до подлогата. Моторот останува истиот – а тоа значи 310 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Доволно за мега-Голфот да се катапултира до 100 километри на час за 4.6 секунди.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.