Годзила ги затегна брчките – Освежениот Nissan GT-R претставен во Њу Јорк! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Годзила ги затегна брчките – Освежениот Nissan GT-R претставен во Њу Јорк!

Јапонското чудовиште го нападна Њу Јорк со нови сили, благодарение на подобрувањата на секое поле – и нуди вкупно 565 коњски сили.

Дали ви се верува дека Nissan GT-R е на пазарот скоро 10 години? Според Nissan, подобрувањата на обновениот GT-R можат да се поделат во пет клучни области: дизајн на екстериер, квалитет на ентериер, возачки перформанси, комфор и напредна технологија. Oва издание ги носи досега најзначајните козметички измени на R35 моделот откако беше лансиран во 2007. Предниот дел се одликува со новата V-motion решетка во мат хром завршница, поголеми отвори за вентилација за подобро ладење и ново обликуван поклопец на моторот со поизразени карактерни линии.

2017-Nissan-GT-R-FL-41

Во внатрешноста, инструмент панелот и седиштата се обвиени со Nappa кожа за зголемена комоција, а намален е и бројот на прекинувачи од 27 на само 11, додека тука е нов 8-инчен екран на допир кој го заменува досегашниот 7-инчен. Понатаму, лопатките за менување на степени се монтирани на воланот, што му овозможува на возачот да прави промена на степени во свиоци без да мора да ги одделува рацете од воланот.

Новиот GT-R сега располага со 565 кс, што е зголемување од 20 кс во однос на досегашниот модел. Кривата на вртежниот момент e порамна за подобрено забрзување, додека новиот титаниумски издувен систем доаѓа со технологии активно намалување и зголемување на буката. Додадени се акустични стакла и дополнителна звучна изолација за да се намали буката од патот и ветрот во кабината.

Обновениот модел ќе започне со продажба во GT-R сертифицираните претставништва на Nissan ова лето.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.