Genesis го претстави New York Concept – најавува борба со германските конкуренти – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Genesis го претстави New York Concept – најавува борба со германските конкуренти

Хибридниот концепт на луксузниот огранок на Hyundai го најавува визуелниот идентитет за новиот G70 кој ќе се впушти во борба со докажаните и популарни германски конкуренти!

Иако јужнокорејскиот производител сега за сега не ги објавува ниту потврдува плановите за идниот модел, сепак веќе кружат гласини дека New York Concept е визијата со која Genesis го најавува G70 – моделот кој ќе се бори рамо до рамо со докажаните конкуренти од Д-сегментот. Сега за сега, луѓето од Genesis највеќе се концентрираат на дизајнот, кој го опишуваат како „луксузен“ и „модерен“, и зборуваат за новата „Athletic Elegance“ дизајнерска насока.

Концептот носи нова, Ceramic Blue сина боја, а формата е навистина динамична и елегантна. Доминантен е предниот дел и скоро вертикалната предна решетка, изразените облини и чистите линии. Од Genesis се особено горди и на новиот информациски мултимедијален дисплеј со закривен дисплеј со димензии од 21 инч, изработен од LG кој истовремено има 4K резолуција. На овој дисплеј ќе бидат прикажани сите информации кои се потребни.

Концептот е придвижуван од хибриден погон – сега за сега не се објавени многу детали за него, но знаеме дека користи 2-литарски GDi бензинец со директно вбризгување и 8-степен автоматски менувач. Вкупната системска моќност е 245 коњски сили и 353 Nm вртежен момент.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.