Toyota претстави фејслифт на Corolla – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota претстави фејслифт на Corolla

По минатогодишните премиери на редизајнираните Auris и Avensis, Toyota за оваа година подготвија и обновена Corolla.

Ова се првите официјални фотографии кои откриваат дека освежената Corolla добива редизајниран преден дел со нова маска во стилот на актуелниот дизајнерски јазик на брендот, предни светлосни групи и браник, додека на задниот дел промените ги опфаќаат само новите LED светла.

Останатите промени во понудата ги сочинуваат новите дизајни на алуминиумски фелни од 16 и 17 инчи, пошироката палета на бои, и Toyota Safety Sense пакет од безбедносни системи, кој вклучува Pre-Collision System, Lane Departure Alert, Road Sign Assist i Automatic High Beam.

Се чини дека фејслифтираната Corolla нема измени во внатрешноста и погонските единици, бидејќи не се објавени останати фотографии и информации за тие области. Освежениот модел ќе излезе во продажба во Европа почнувајќи од ова лето.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.