Фамозното купе на Ford, втора година по ред е прогласено за најпродаван спортски автомобил во светот, со продадени 150,000 примероци на глобално ниво.
Информацијата е објавена од HIS Markit – компанијата за анализа на индустриите и светските економии. Истата објавува дека оваа бројка претставува зголемување од 6% во споредба со 2015, кое е постигнато поради поголемата побарувачка во Кина и Германија, а исто така и со претставувањето на моделот на новите пазари како Нова Каледониа, Гибралтар и Бонер.
Со понудувањето на моделот во вкупно 140 земји во 2016, дури 45,000 возила биле испратени надвор од САД. Во Kина, Мustang стана најпродаван спортски автомобил по зголемување на продажбата за 74 проценти во споредба со претходната година.
Откако започна производството на шестата генерација на Mustang во фабриката Flat Rock Assembly во 2015, производната лента ја напуштиле над 395,000 примероци, а 98,000 од нив биле испорачани надвор од САД.