full screen background image
Search

Официјално претставен новиот Ford Mustang – ќе го добиеме и во Европа!

Автомобилот кој следната година ќе полни 50 години и сето тоа време ја олицетворува Американската љубов кон автомобилите ја доби својата нова генерација, а за прв пат официјално ќе се продава во Европа!

Како и досега, Ford Mustang ќе се нуди со V6 и V8 бензински мотори. Помалиот, 3.7-литарски V6 бензинец ќе испорачува најмалку 300 коњски сили и 366 Nm вртежен момент. Поголемиот, 5-литарски V8 ќе испорачува најмалку 420 коњски или и 530 Nm вртежен момент. Истовремено, Mustang опремен со овој мотор ќе ја носи и ознаката GT.

The All-New Ford Mustang GT

Она што е интересно е дека за прв пат во Mustang ќе се вградува и 4-цилиндерски турбо-бензинец. Овој турбо-бензинец ќе ја носи ознаката EcoBoost и ќе има зафатнина од 2.3 литри. Благодарение на напредната технологија со која е направен овој мотор, која вклучува директно вбризгување, варијабилен тајминг на брегастата оска и турбо-полнење, овој мотор ќе испорачува повеќе од 309 коњски сили и 407 Nm вртежен момент.

2015-ford-mustang-interior

Mustang во Европа ќе се нуди токму со овој мотор, но и со големиот 5-литарски V8. За прв пат, автомобилот кој е олицетворение на Американската љубов кој убавиците на четири тркала ќе се продава и кај нас. Сепак, турбо-моторот не е единствениот важен новитет кај Mustang – Ford конечно го избутка легендарниот мускулест автомобил во 21-виот век – Mustang конечно ќе има независна задна суспензија, а тоа ветува подобра управливост и подготвеност за свиоци. Конечно Mustang нема да биде наменет само за правите патишта во Америка, туку и за легендарните кривулести траси кои Европа ги нуди!

Поврзано:   Вечерно Кино: Најголемата драг-трка на светот, десетто издание!

The All-New Ford Mustang GT

Сеуште немаме официјални информации за цените – како во Америка,така и за Европскиот пазар, но сепак достапноста на Европскиот пазар е важна новост за сите љубители на Mustang!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.