Vision Gran Turismo е еден од најинтересните концепти кои се имаат појавено во изминатиов период. Погледнете како концептот прерасна од цртеж на хартија во автомобил подготвен за претставување!
Наменет да го промовира најновото, шестто издание на најдобриот возачки симулатор – Gran Turismo – AMG Vision Gran Turismo е автомобил кој ќе може да го возите во играта и детално да се запознаете со неговите перформанси. Во меѓувреме, погледнете го неколкуминутното видео кое детално го опишува процесот и ги прикажува неколкуте фази низ кои поминува секој концепт!