Премиера: Lamborghini Huracan LP 610-4 Spyder – 610 коњски сили под отворено небо! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Lamborghini Huracan LP 610-4 Spyder – 610 коњски сили под отворено небо!

Малиот бејби-Ламбо ја доби неизбежната Spyder верзија – и ветува 610 коњски сили, 3.4 секунди „до стотка“ и максимални 324 километри на час!

Кровиот на хипер-спортскиот кабриолет се отвора и затвора со притискање на копче, а процесот трае само 17 секунди, и сето тоа може да се случи при брзини до 50 километри на час. Атмосферскиот 5.2-литарски V10 нуди одлични 610 коњски сили – а преведено во перформанси тоа значи 100 километри на час за 3.4 секунди и максимална брзина од 324 километри на час!

Дополнително, моторот доаѓа со некои новитети – сега има Cylinder on Demand технологија која овозможува деактивација на цилиндрите, како и старт-стоп систем – сè со цел да се намали потрошувачката. Луѓето од Lamborghini гордо кажуваат дека поработеле и на системот за погон на сите четири тркала за да го подобрат и управувањето.

Првите испораки се закажани за почетокот на следната година – а цените ќе започнуваат од 186.450 евра. Ситница!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.