Mazda го претстави концептот Koeru – дали најавува нов, поголем SUV? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda го претстави концептот Koeru – дали најавува нов, поголем SUV?

Јапонскиот производител во Франкфурт го претстави својот нов концепт кој го носи името Koeru – и кој најверојатно е најава за големиот SUV на брендот кој ќе се вика CX-7!

Концептот е долг 4.6 метри, широк 1.9 метри и висок 1.5 метри. Димензиите се стриктно експериментални и кога ќе биде преточен во сериски модел, концептот во најмала рака ќе биде малку повисок – но се очекува да ја задржи генералната форма и во сериско производство.

Од Mazda најавуваат дека ова е возило кое е ориентирано кон возачот, со цврста суспензија, директно управување, оптимизирана аеродинамика и многу внимание посветено на намалување на буката и вибрациите. Концептот продолжува да го следи KODO дизајнерскиот јазик, но со забележливо модернизирана интерпретација.

Концептот изгледа интересно – останува да го почекаме неизбежниот сериски модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.