full screen background image
Search

Audi ги претстави RS 6 Avant и RS 7 Sportback Performance – На располагање имаат по 605 коњски сили!

Големите RS 6 Avant и RS 7 Sportback добија зајакнување во форма на Performance изведби – кои сега располагаат со 605 коњски сили и до 750 Nm вртежен момент!

Обата автомобили користат 4-литарски TFSI бензинец и ја пренесуваат силата кон подлогата преку Tiptronic менувач и Quattro погон на сите четири тркала. Но во Performance изведбата, 4-литарскиот TFSI нуди 605 коњски сили и при overboost дури 750 Nm вртежен момент. Овој мотор им овозможува на супер-спортските изведби на големите автомобили да забрзаат до 100 километри на час за 3.7 секунди – ова се бројки обично резервирани за супер-автомобили!

Дополнително, обата автомобили  можат да стигнат до 200 километри на час за 12.1 секунда. Tiptronic менувачот е специјално калибриран да може да се справи со зголемената моќност, а Quattro погонот стандардно пренесува 60 проценти од моќноста кон задната, 40 проценти кон преддната оска. Автомобилите доаѓаат со ексклузивни 21-инчни алуминиумски тркала обвиени во 285/30 пневматици, дискретно изменети браници со поголеми отвори за воздух и поагресивно профилиран дифузер, и уште некои други ситници.

Цените за овие два модели во Германија започнуваат од 117.000 евра за RS6 Avant Performance и 121.000 евра за RS7 Sportback Performance.

Audi RS6 Avant Performance

Audi RS7 Sportback Performance



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.