full screen background image
Search

Volkswagen Golf е најпродаваниот модел во првата половина од 2021 во Европа

По изминати шест месеци од сегашната година, JATO Dynamics ги објави вкупните резултати од сите направени продажби, каде на првата позиција се најде Volkswagen Golf.

Најпопуларниот компакт од Ц-сегментот го освои првото место со продадени вкупно 124,445 примероци, пред второпласираниот Peugeot 208 кој регистрираше 113,016 продажби.

Како трет најуспешен модел заврши Јапонскиот градски автомобил Toyota Yaris со остварени 112,028 продажби, додека на четвртата позиција се најде најпродаваниот модел од минатата година – Renault Clio со продадени 109,556 возила.

По остварени 107,709 продажби, петтата позиција ја зазема Opel Corsaa, а најпопуларен кросовер со продадени 106,243 примероци беше Францускиот Peugeot 2008, пред неговиот директен конкурент Volkswagen T-Roc, кој со 106,143 продажби заврши на седмото место.

Во продолжение на табелата за десет најпродавани модели од првата половина на 2021 во Европа се најдоа и: Fiat 500 со 96,370, Dacia Sandero со 95,126 и Citroen C3 со 94,365 продажби.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.