Новиот Bentley Flying Spur Hybrid Odyssean Edition носи повеќе луксуз и поеколошки материјали – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Bentley Flying Spur Hybrid Odyssean Edition носи повеќе луксуз и поеколошки материјали

Bentley креираше ограничена серија од Flying Spur со специјално дизајниран ентериер и детали на екстериерот.

Започнувајќи од надвор, Flying Spur Hybrid Odyssean Edition е уреден со детали на долниот дел од каросеријата и 21-инчни фелни со десет краци обоени во бојата „Pale Brodgar“. Bentley нуди избор од шест бои за каросеријата, кои тие ги одбрале дека одговараат со украсните детали, но исто така има опција и купувачите да ја одберат секоја боја што тие ја сакаат.

Во кабината се направени најголемите промени. Кожата со која се обложени најголемиот дел од површините е специјално одбрана според нејзината издржливост и долготрајност. Дел од панелите пак, се обложени со плетен материјал направен од 100% природна јагнешка волна.

Седиштата имаат специјална дијамантска форма на зашивките, а бојата на нивниот конец се прелева од посветла кон потемна. Сличен дизајн на тексурата на седиштата имаше и концептот EXP 100 GT, кој ја најави иднината на производителот.

Дрвените површини се направени од фурнир од дрвото Коа со отворени пори. Неговото создавање користи 90% помалку лак од сјајниот фурнир и му дозволува на сопственикот да ужива во природната површина на дрвото. Вкупно, Bentley користи само три слоеви на лак, чија дебелина достигнува само 0.1 милиметар.  Покрај него, за контраст на централната конзола се среќава и елегантен, минималистички материјал наречен Piano Linen фурнир.

Flying Spur Hybrid Odyssean Edition е погонуван од 2.9-литарски V6 агрегат, кој во комбинација со електричен мотор произведува 544 кс и 750 Nm вртежен момент. Како резултат на овие бројки, луксузниот седан забрзува од 0-96 км/ч за 4.1 секунда.

Благодарение на батериите од 14.1 киловат-часа, хибридниот модел може да вози до 40 км само на електрична енергија, што според Bentley ќе им овозможи на корисниците поголемиот дел од користењето да го избегнат користењето на бензинскиот агрегат во текот на нивните кратки дневни патувања.

Цените за новиот Flying Spur Hybrid Odyssean Edition ќе бидат објавени при крајот на тековната година кога Bentley ќе ги објави целосните детали за надградената гама на седанот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.