Пристигна Fiat 500C Dolcevita! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна Fiat 500C Dolcevita!

Од Fiat напоменуваат дека 500C Dolcevita го одликуваат гламурозен стил и фини естетски детали – и токму оваа изведба на шармантниот градски автомобил пристигна во салонот на Fiat.

Според Fiat, 500C Dolcevita потсетува на Италија во времето на економскиот бум меѓу крајот на педесеттите и раните шеесетти години години од минатиот век. 500C Dolcevita добива богата опрема – од технологии, па до безбедност и стил. Контролната конзола е во боја н а каросеријата а екстериерот добива хромирани детали кои уште повеќе го истакнуваат стилот. Стандардно добива и 15-инчни тркала, стаклен кров (доколку е хечбек а не кабриолет), а каросеријата може да биде во двобојна комбинација.

Кабината добива 7-инчен UConnect мултимедијален уред со гласовни команди, Bluetooth поврзување и Apple CarPlay и Android Auto функционалности. Со неодамнешното освежување, Fiat воведе нови нивоа на опременост, а токму Dolcevita е меѓу најопремените и најинтересните, и според Fiat е посеветена на љубителите на гламурозниот начин на живот.

На нашиот пазар, освежените модели од 500-гамата се нудат со 1.2-литарскиот EUR 6D бензинец со 69 коњски сили, или пак 1-литарскиот, супер-ефикасен mild hybrid погон со 70 коњски сили. Ние го возевме хибридниот 500 минатата година и навистина бевме позитивно импресионирани од ефикасноста на погонот.

За повеќе информации за новата гама Fiat 500 посетете ја официјалната страна www.fiat.mk или овластената продажна мрежа на Fiat во Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.