Volkswagen Golf е најпродаваниот модел во Јуни 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Golf е најпродаваниот модел во Јуни 2021 во Европа

JATO Dynamics ги објави резултатите од продажбите на нови возила за шестиот месец од тековната година во Европа, а како најуспешен повторно се истакна новиот Volkswagen Golf.

Славниот Германски компакт повторно триумфираше по регистрирани 27,247 продадени возила. Сепак, најголемото изненадување е на втората позиција, на која се најде електричниот Tesla Model 3 по огромен скок во продажбата од 25,697 примероци.

Со остварени 22,764 продажби, третото место го зазема Dacia Sandero, а веднаш зад него се најде неговиот „поскап брат“ Renault Clio со продадени 22,254 возила. Малиот Fiat 500 заврши на петтата позиција, откако регистрираше 22,179 продажби.

Најпопуларниот модел на Toyota – Yaris се смести на шестото место со продадени 21,698 примероци, додека најпопуларен кросовер беше Volkswagen T-Roc со остварени 21,576 продажби.

Во продолжение на табелата за месец Јуни редоследно се најдоа и моделите: Opel Corsa, Renault Captur и Volkswagen Polo.

Извор на табелата: https: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.