ОФИЦИЈАЛНО: Ова е новата Tesla Model 3 – ветува автономија од 345 километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ОФИЦИЈАЛНО: Ова е новата Tesla Model 3 – ветува автономија од 345 километри!

По долго најавување и навистина долго чекање, Tesla го претстави својот најнов модел – автомобилот кој ќе ја носи ознаката Model 3!

Да започнеме од можеби најважниот детал околу новата Tesla Model 3 – од вчера па до денес, веќе се направени повеќе од 115.000 преднарачки за новиот автомобил, а сите кои го нарачаа оставија депозит од 1000 долари!

tesla-model-3-2

Тоа зборува многу – навистина многу. Зборува дека луѓето имаат доверба во Tesla (и уште поважно, во електричните автомобили) и дека купувачите се подготвени и „на невидено“ да одвојат релативно голема сума на пари. Зборувајќи за цената, Tesla Model 3 ќе чини „од 35.000 долари“ – а тоа е цена која е значително поблиску до обичниот купувач во однос на Model S и Model X.

Иако сега за сега нема премногу официјални податоци, Elon Musk објави дека Tesla Model 3 ќе има автономија од над 215 милји, односно над 345 километри на едно полнење, и дека забрзувањето до 100 километри на час ќе трае „помалку од 6 секунди.“

„Не правиме спори автомобили.“ – додаде тој. Дополнително, тој додаде дека очекуваат дека Model 3 ќе има одлични резултати на сите тестови за безбедност, а и дека ќе го понудат автомобилот со сите нови технологии кои компанијата ги нуди – како на пример Autopilot технологијата за автономно возење, како и Supercharging технологијата за брзо полнење.

tesla-model-3-3

Продажбата на новата Tesla Model 3 би требало да започне на крајот на следната година, но бидејќи моделите на Tesla имаат навика да доцнат, би го прифатиле тој податок со одредена доза на резерва. Сепак, ова е важен модел за Tesla – планираат со Model 3 да стигнат до повеќе од 500.000 продадени возила годишно – па многу поважно е да понудат комплетен и проверен продукт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.