full screen background image
Search

Nürburgring ги отстранува брзинските ограничувања

Легендарната германска тркачка патека конечно ги отстранува брзинските ограничувања кои беа поставени минатото лето како последица на фаталната несреќа во која еден гледач го загуби животот.

Во текот на зимските месеци, персоналот за одржување работеше на реасфалтирање на делови од патеката и додавање на заштитни огради со цел да го направи Nürburgring што е можно побезбеден, како за возачите, така и за набљудувачите. Досега брзинските ограничувања беа строго критикувани, посебно од тркачките возачи, кои велеа дека тие се спротивни од главната намена на стазата.

Ова значи дека тркачките тимови и автомобилски производители повторно имаат дозвола да возат со педалата до под за целата должина на стазата. Првата VLN трка за издржливост ќе се одржи на 2ри Април, а производителите сега повторно ќе можат да ја изнајмат патеката за да ги измерат перформансите на нивните спортски автомобили.

Koenigsegg, слушате ли!?



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.