full screen background image
Search

TopCar го напумпа големиот Mercedes-Benz GLE Coupe – и го добивме Inferno

Доколку на големиот Mercedes-Benz GLE Coupe му дадете огромна доза на стероиди, најверојатно ќе изгледа како TopCar Inferno!

Тјунинг пакетот се вика „Inferno“, а пакетот е достапен за сите верзии на Mercedes-Benz GLE Coupe. Купувачите ќе добијат Wide Bod конверзија со агресивен преден браник кој има поголеми отвори за воздух, потоа поагресивна хауба, проширени крила, странични прагови како и голем заден дифузер интегриран во задниот браник. Дел од пакетот се и Lumma или ADV.1 тркала со димензија од 22 или 23 инчи.

Во ентериерот можете да добиете дрво или карбон, па дури и крокодилска кожа со детали од 24-каратно злато. За оние кои сакаат повеќе моќност, луѓето од TopCar можат да ги подобар перформансите на моторот, и во зависност од изведбата да понудат меѓу 87 и 130 коњски сили повеќе во однос на стандардната верзија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.