Електричниот концепт на Porsche предизвика лавина од реакции кога за прв пат се појави во јавноста, а сега германскиот производител објави видео преку кое прави ретроспектива на дизајнот и филозофијата позади овој несекојдневен автомобил!
Mission E е повеќе од само најава за еден од најважните автомобили кои Porsche некогаш ги има направено – Mission E најавува целосно нова насока (или една од новите насоки) на германскиот производител. Ова е ризичен чекор за Porsche, но не и неразбирлив – трендовите и технологиите се движат кон електричните возила, а Porsche сака да биде на врвот кога електричните спортски возила ќе почнат да го бараат своето место на пазарот.
Уживајте!