Забава на снег со Ferrari F40! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Забава на снег со Ferrari F40!

Такеши Кимура во соработка со Red Bull подготви видео од неговото зимско планинско кампување со Ferrari F40.

Често сме навикнати да ги гледаме прекрасните суперавтомобили од минатото како неподвижно седат паркирани во гаражата на некој колекционер. Сепак, има и такви ентузијасти кои за наше задоволство уживаат во нивните перформанси и споделуваат видеа од истите.

Такеши Кимура припаѓа во втората група на луѓе. Тој пред неколку години беше забележан како оди на кампување над скијачки центар со неговиот F40, а сега тоа е уловено на снимка. Видеото содржи необично патување по снег, со ланци на задните тркала, четири дополнителни рели светла на предниот поклопец и багаж на кровот од суперавтомобилот. Бидејќи е заден погон со 470 коњски сили, тука се и неизбежните пролизгувања.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.