full screen background image
Search

Произведени 1 милион примероци од новата Škoda Octavia

Челниците и вработените на Škoda со гордост објавија дека од производните ленти на чешкиот бренд излезе 1-милионитиот примерок на новата Škoda Octavia!

Иако Škoda има производствени погони во Русија, Казакстан и Кина, сепак најголемиот дел од овие 1 милион автомобили се произведени токму во домашната фабрика на брендот во Mladá Boleslav во Чешката Република.

Škoda го смета моделот Octavia за „срце на брендот“, и го нуди во хечбек и во караванска изведба, а може да се нарача со погон на предните или на сите четири тркала. Купувачите можат да изберат бензински или турбодизел мотор, можат да добијат и CNG-компатибилна верзија, а за ентузијастите тука се и моќните RS и RS TDI модели.

Јубилејниот 1-милионити автомобил беше Octavia Scout, офарбан во Moon бела боја и излезе од производната лента во Mladá Boleslav. Вкупно во изминатите три генерации на Octavia се произведени повеќе од 5 милиони примероци. Ние добро ја познаваме Octavia – имавме можност да поминеме неколку дена со Octavia 1.2 TSI, но и со моќната Octavia RS TDI со 185 коњски сили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.