full screen background image
Search

Mazda најавува можно пристигнување на CX-9 и во Европа

Големиот SUV на Mazda никогаш не се нудеше на стариот континент, но по максимално позитивните реакции кои ги изнуди најновата генерација, јапонскиот производител го најавува можното пристигнување на CX-9 и на европскиот пазар!

Најавите доаѓаат од Jeff Guyton, одговорниот за Mazda за Европа. Според него, ако продажбата на CX-9 во Европа го добие зеленото светло, наместо со 2.5-литарскиот бензински мотор со 250 коњски сили, ќе добие SKYACTIV-D турбодизел.

mazda-cx-9-eu-rear

„Светот сака повеќе CX-модели од она што ние во моментов можеме да произведеме. Кога CX-9 ќе започне навистина да се продава во САД, и таму ќе има ограничувања. Секако, ние би сакале да имаме повеќе автомобили, но ќе преземеме чекори за да го зголемиме капацитетот.“ – изјави Jeff Guyton за AutoExpress за време на Њујоркшкиот саем на автомобили.

Во моментов на европскиот пазар се нудат малата CX-3 и компетентната CX-5. Обата модели се покажуваат како популарни и барани меѓу купувачите, а веќе е најавен и трет модел кој ќе им се придружи – поспортскиот CX-4. CX-4 ќе биде претставен следниот месец во Пекинг, но со додавање на CX-9 во европската гама, Mazda ќе сака да застане рамо до рамо и со поголемите ривали – а ги истакнуваат Volkswagen Touareg и KIA Sorento.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.