Mercedes го најавува новиот модел EQE – електричниот пандан на E-Class – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes го најавува новиот модел EQE – електричниот пандан на E-Class

Mercedes објави дека ќе претстави целосно електрична алтернатива на E-Class на автомобилскиот саем во Минхен.

Целосно новиот модел EQE ќе се одликува со спортски изглед, голем простор во кабината и тивко електрично возење. Производителот објави две најавни фотографии, кои прикажуваат дека EQE ќе ја следи дизајнерската насока на EQS и ќе биде стилизиран со заоблен дизајн и тенки светлосни групи.

Ентериерот е исто така уреден по примерот на поголемиот EQS и го добива иновативниот MBUX мултимедијален ултра-широк дисплеј. Тука е и лебдечка централна конзола, како и волан со три краци, над кој е поставен head-up дисплеј. Отворите за вентилација се уредени во стил на турбини, а целата кабина е украсена со амбиентално осветлување.

Mercedes не објави информации за спецификациите, но се очекува погонската единица да биде слична со онаа што се користи кај EQS. Според тоа, најверојатно ќе биде понудена 450 варијанта со задно поставен електричен мотор со 333 кс и 568 Nm вртежен момент.

Тој му овозможува на веќе претставениот модел да забрза од 0-100 км/ч за 6.2 секунди, на патот кон неговата максимална брзина од 210 км/ч. Опсегот на возење со едно полнење на батериите според WLTP циклусот изнесува до 780 км.

EQS е исто понуден и во 580 4MATIC варијанта, која има двоен мотор со погон на сите тркалата и развива 523 кс и 855 Nm вртежем момент. Тој е значително побрз и забрзува од 0-100 км/ч за 4.3 секунди, но неговиот опсег опаѓа на 420 км.

Повеќе информации и фотографии од новиот EQE очекуваме да бидат претставени заедно со неговата премиера на Минхенскиот саем.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.