Porsche го претстави уникатниот 911 Turbo S ‘One of a Kind’ Pedro Rodriguez – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche го претстави уникатниот 911 Turbo S ‘One of a Kind’ Pedro Rodriguez

Латино Американската и Мексиканската дивизија на Porsche создадоа уникатен примерок од Porsche 911 Turbo S за да му оддадат почит на најуспешниот Мексикански тркачки возач на сите времиња.

По точно 50 години откако Педро Родригез го загуби својот живот во Германија, Porschе му оддаде почит со украсување на модерниот модел во „Gulf“ боите на неговиот историски тркачки автомобил.

Тој е обоен во иконската сина боја со контрастни портокалови линии. Поставен е на специјално дизајнирани фелни со централно заклучување, во сјајно црна боја, која одговара на бојата на бројот два, поставен во бели кругови на вратите.

Шемата на бои е инспирирана од моделот Porsche 917 KH со кој Родригез освоил многу трки. Силуетата на историскиот тркачки автомобил во боите од Мексиканското знаме може да се најде на Б-столбот од уникатниот 911, a веднаш до него стои името на Родригез и неговиот потпис.

Истиот детал е реплициран во карбонски калапи на долните рамки од вратите, додека пак имињата на осумте трки на кои тој триумфирал се изгравирани под задниот спојлер.

Истата комбинација на бои може да се најде и во внатрешноста каде автомобилот е обложен со графитно сина кожа со портокалови зашивки. Силуетата на 917 KH повторно се сретнува на предните потпирачи за глава, а со потписот е украсен централниот потпирач за лакт и карбонскиот инструмент панел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.