ПРЕМИЕРА: Porsche 911 Turbo S со 650 коњски сили е новиот знаменосец на гамата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche 911 Turbo S со 650 коњски сили е новиот знаменосец на гамата!

Новиот Porsche 911 Turbo S има 650 коњски сили и може да катапултира до 100 километри на час за само 2.7 секунди.

Porsche тукушто го откри 911 Turbo S и 911 Turbo S Convertible. Ајде да започнеме со најважните бројки – 3.8-литарскиот шест-цилиндерски боксер соработува со два турбополначи и испорачува 650 коњски сили и 800 Nm вртежен момент, кои ги пренесува кон сите четири тркала преку PDK автоматски менувач. Резултат на сето тоа е катапултирање до 100 километри на час за само 2.7 секунди и максимални 330 километри на час.

Porsche продолжува да ги поместува границите кога станува збор за спортските автомобили – и токму тоа се случува и со новиот 911 Turbo S. 911 Turbo S ќе го препознаете по големиот заден спојлер, поагресивните браници и големите издуви на задниот браник. Добива и уникатни, поголеми тркала и уште неколку други детали кои се специфични токму за Turbo S. Дополнително, ќе може да се нарача спортски издувен систем за поагресивен звук, како и спортска шасија која е 10 милиметри поблиску до подлогата. Предниот дел добива активна аеродинамика која подобро го насочува воздухот.

911 Turbo е наменет да понуди перформанси од кои се изместуваат внатрешните органи, но истовремено да биде комфорен и секојдневно-корисен – и токму затоа не е тврдокорен тркач, какви што се 911 GT3 и GT3 RS.

Сепак, 911 Turbo S и понатаму е знаменосец во 911 гамата, особено кога станува збор за можностите за голтање километри и минување континенти во еден здив. А доколку сакате, тоа можете да го направите и без покрив над главата. :)

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Porsche Cayenne GTS напаѓа со 4-литарски твин-турбо V8 и 500 коњски сили!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.