Во салонот на Citroën пристигна освежениот C3! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Citroën пристигна освежениот C3!

Во салонот на Citroën во Скопје пристигна неодамна-освежениот C3 – кој покрај новиот лик, добива и уште повеќе можности за персонализација!

Со освежувањето на C3, Citroën на супер-популарниот модел му даде лик кој влече инспирација од концептот CXperience. Визуелните освежувања започнуваат со предниот дел кој добива нов декоративен елемент, како и нови предни LED светла и хромирани детали кои одат сè до LED дневните светла. Дополнително, редизајнирани се декоративните елементи околу светлата за магла, дизајните на страничните столбови, како и Airbumps заштитните панели на вратите.

Еден од најсилните адути на C3 секогаш беше персонализацијата – и тој тренд продолжува и понатаму. Кај C3 сега имате можност за дури 97 различни комбинации (досега беа 36) на надворешноста, 4 различни бои на кровот, три пакети за персонализација на кабината, како и нови тркала со дијаметар до 17 инчи.

Одличен новитет во кабината се супер-комфорните Citroën Advanced Comfort седишта кои благодарение на специјалната пена која се вградува во нив се меѓу најкомфорните на пазарот. Сега можат да се нарачаат и помодерни мултимедијални уреди со Apple CarPlay и Android Auto поврзување, како и многу повеќе.

Освежениот C3 е достапен со 1.2-литарски PureTech со 83 или 110 коњски сили, како и одличниот BlueHDI со 100 коњски сили (кој неодамна го возевме во C3 Aircross), а доколку сакате можете да одберете и EAT6 автоматски менувач кај некои од изведбите. За повеќе информации, посетете го салонот на Citroën!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.