Објавени финалистите за Европски Автомобил на Годината за 2020 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Објавени финалистите за Европски Автомобил на Годината за 2020

Жирито кое го одбира Европскиот Автомобил на Годината ги објави финалистите кои ќе се борат за титулата за идната година.

По објавувањето на пошироката листа, жирито ги објави финалистите, а тие се:

  1. BMW 1-Series
  2. Ford Puma
  3. Peugeot 208
  4. Porsche Taycan
  5. Renault Clio
  6. Tesla Model 3
  7. Toyota Corolla

Некои од овие автомобили веќе ги познаваме – веќе ги возевме новата BMW Серија 1, како и новиот Peugeot 208 на нивните интернационални промоции, a новата хибридна Corolla ја возевме на почетокот на годината. Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност и самите да се запознаеме со останатите кандидати.

Победникот ќе биде објавен пред почетокот на Саемот на Автомобили во Женева, на 2ри Март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.