full screen background image
Search

Малиот Volkswagen T-Cross пристигна во Македонија

Најмалиот кросовер на Volkswagen – компактниот T-Cross – веќе пристигна и кај нас!

Новиот, модерен и интересен T-Cross пристигна и кај нас. Во салонот на Porsche Македонија во Скопје веќе се изложени два примероци од компактниот кросовер.

Со оглед на димензиите, T-Cross нуди навистина многу простор. Автомобилот е долг 4.11 метри, а има меѓуоскино растојание од одлични 2.56 метри. Кабината ветува многу простор – задната клупа се поместува понапред или поназад за цели 140 милиметри, а како резултат на тоа имаме багажен простор со капацитет меѓу 385 и 455 литри, односно значителни 1281 литар со спуштени задни седишта.

Во T-Cross  се вградуваат три бензински мотори и еден турбодизел. Бензинците се во форма на 1-литарскиот TSI кој нуди 95 или 115 коњски сили, како и 1.5-литарски TSI со 150 коњски сили. Во понудата има само еден трубодизел – 1.6-литарскиот TDI со 95 коњски сили. За повеќе информации околу цените, посетете еден од салоните на Volkswagen.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.