full screen background image
Search

SEAT ќе го нуди големиот Tarraco со 1.5-литарски TSI и погон на предните тркала

Со цел да го направи својот најголем SUV уште попривлечен за купувачите, SEAT ќе го нуди Tarraco со 1.5-литарски TSI со 150 коњски сили, DSG автоматски менувач и погон на предните тркала.

Досега, купувачите на Tarraco немаа можност да го нарачаат автоматскиот менувач во комбинација со одличниот 1.5-литарски TSI турбо-бензинец и погон на предните тркала. SEAT сега ја пополнува и таа опција – па купувачите ќе можат да го комбинираат 1.5-литарскиот TSI кој нуди 150 коњски сили и 250 Nm вржежен момент со DSG автоматскиот менувач со двојна спојка и погон на предните тркала.

Според официјалните податоци, вака конфигурираниот Tarraco ќе може да постигне 100 километри на час за 9.5 секунди и максимална брзина од 198 километри на час. Според WLTP мерењата, потрошувачката на бензин би требало да биде меѓу 7.1 и 8.0 литри бензин на 100 изминати километри.

Инаку, SEAT планира дополнително да ја прошири гамата на Tarraco – следната година ќе биде понуден спортскиот FR модел, а на крајот на 2020 ќе биде претставен и плаг-ин хибриден модел. Хибридниот Tarraco ќе биде првиот плаг-ин хибриден модел на брендот и ќе користи 150-коњски TSI и 114-коњски електромотор, и ќе може да помине до 50 километри на електрична енергија.

Tarraco е веќе пристигнат во салонот на SEAT во Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.