full screen background image
Search

Во салонот на SEAT пристигна најголемиот SUV на брендот – новиот Tarraco

Новиот – и најголем – SUV на SEAT пристигна во скопскиот салон на шпанскиот бренд.

Tarraco го добива своето име од градот Tarragona, и во хиерархијата на SEAT е на самиот врв на SUV гамата, над Ateca и Arona. Поставен е на истата MQB платформа како и Ateca, но Tarraco е поголем – долг е 4735 милиметри и висок 1685 милиметри. Новиот голем SUV го следи дизајнерскиот јазик на шпанскиот бренд, но истовремено носи и негова еволуција – па Tarraco изгледа поагресивно и подинамично од другите модели.

На нашиот пазар понудата започнува со Tarraco во Style ниво на опрема, придвижуван од 1.5-литарскиот TSI турбо-бензинец со 150 коњски сили. Цената за овој модел е 31.226 Евра, но тој во моментот се нуди со специјална акциска цена од 28.400 Евра. Доколку сакате турбодизел, можете да го добиете 2-литарскиот TDI во изведба со 150 или 190 коњски сили, и со погон само на предните или на сите четири тркала, во комбинација со мануелен или автоматски менувач.

На самиот врв на понудата е SEAT Tarraco Xcellence во комбинација со 2-литарски TSI со 190 коњски сили или 2-литарски TDI со 190 коњски сили. Обете верзии се со погон на сите четири тркала и DSG менувач и чинат 39.060, односно 42.063 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.